Медведев: НАТО треба да се покае пред човештвото

од Nikola Popovski

НАТО не му е потребен на цивилизираниот свет, организацијата треба да се покае пред човештвото и да се распушти како криминален субјект, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев.

Тој додаде дека дури и Понтифекс Максимус (официјалната титула за папата во Католичката црква) не може да им ги прости гревовите.

– Почнувајќи од моментот на формирањето, НАТО во повеќе наврати ја докажа својата исклучително затворена корпоративна суштина, дејствувајќи во интерес на неколку англосаксонски држави и нивните послушници. Во исто време, повеќе од 12 отсто од светското население живее во земјите на НАТО, напиша Медведев на каналот Телеграм.

Тој посочи дека НАТО секогаш заборава на државните удари што ги прави таа организација во суверени држави ширум светот.

Поранешниот руски претседател исто така рече дека ако Алијансата испрати системи Патриот во Украина, како и персонал на НАТО, тие веднаш ќе станат легитимна цел на руските вооружени сили.

Медведев забележа напредок во изјавата на генералниот секретар за победата на Украина.

– Во извесна смисла – ќе победат, но очигледно во новите, значително стеснети граници на нивната независност и на тој начин сите суверени ќе седнат на преговарачка маса. Ова е веќе напредок, напиша Медведев.

Слични содржини