Медведев по поразот во Женева: Не се чувствувам сигурен на земја

од Vladimir Zorba

Број 2 на светската ранг-листа во машкиот тенис Данил Медведев, кој беше елиминиран во второто коло на турнирот во Женева (Швајцарија) по поразот од Ришар Гаске со 2:6, 6:7 (5), коментираше дека не покажал најдобра игра.

„Не го играм мојот најдобар тенис на земја. Знам дека сум способен за некои добри резултати, како што правев во минатото, но за ова мора да бидам во форма. Не се чувствувам толку сигурен на земја како на другите подлоги. Разочаран сум од поразот, но имам претрпено и потешки порази во кариерата“, изјави рускиот тенисер.

„За моето тело, земјата е многу опасна подлога. Секогаш, секоја година имам некои проблеми, поради кои не можам да бидам на 100 отсто“, додаде Медведев.

„Не сум фаворит за Ролан Гарос, но сакам да играм добро. Ако можам повторно да го покажам своето ниво, можеби ќе бидам опасен за противниците“, изјави Медведев.

Слични содржини