Медведев: Победа на Украина би била причина за употреба на нуклеарно оружје

од Nikola Popovski

Медведев посочува дека Западот вели дека „не смее да ѝ се дозволи на Русија да ја добие војната“ и дека тоа значи победа за Украина.

Дмитриј Медведев, заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност и поранешен руски претседател и близок соработник на Владимир Путин, Дмитриј Медведев, објави на Телеграм, повторно споменувајќи го нуклеарното оружје.

„Враќањето на териториите на Украина значи распаѓање на денешна Русија, тоа е причина за употребата на нуклеарно оружје. Целта на Украина во војната веќе беше дефинирана од режимот во Киев – враќање на сите територии кои претходно и припаѓаа. односно нивно отстранување од Русија. Ова е закана за опстанокот на нашата земја и распаѓање на денешна Русија“, рече Медведев.

Тој вели дека ова е „директна причина за примената на член 19 од Основата на државната политика на Руската Федерација во областа на нуклеарното одвраќање“, сугерирајќи дека Русија ќе има право да користи нуклеарно оружје во случај на враќање на окупираните територии на Украина.

„Што е тоа ако не директно предизвикување на светска војна? И кој после планира нуклеарен конфликт, кажете ми? Што е тоа ако директно не предизвикува светска војна со користење на нуклеарно оружје?“, пишува Медведев.

„Да ги наречеме нештата со вистинското име. Западните земји го туркаат светот во глобална војна. Само целосната и конечна победа на Русија е гаранција против светскиот конфликт“, заклучил тој, пренесува хрватски „Индекс“.

Слични содржини