Медведев: Подготвени сме да употребиме секаков вид оружје

од Vladimir Zorba

Русија не поставува никакви ограничувања за одговорот на нападите – во зависност од видот на заканата, таа е подготвена да употреби секаков вид оружје, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.

„Нашиот одговор може да биде било каков. Претседателот на Русија тоа го стави апсолутно јасно. Ние не си поставуваме никакви ограничувања на себе и во зависност од природата на заканата сме подготвени да користиме секаков вид оружје – во согласност со нашите доктринарни документи, вклучувајќи ги и Основите на нуклеарното одвраќање. Ве уверувам – одговорот ќе биде брз, жесток и убедлив“, рече Медведев во интервјуто што го даде за новинарката Надана Фридрихсон“, пренесе Спутник.

На прашањето дали се во право оние кои мислат дека давање дозвола на Киев да изврши напади врз руски објекти на Крим, ќе ја принудат Русија да преговара со Украина, Медведев рече – резултатот ќе биде токму спротивен.

Слични содржини