Медведев: Русија го суспендираше учеството во СТАРТ како одговор на американската политика

од Stefanija Kuzmanovska

Русија го суспендираше учеството во новиот договор за намалување на стратешкото вооружување, новиот СТАРТ, како одговор на антируската политика на Вашингтон, изјави денеска заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Димитриј Медведев.

„САД го добија она што го заслужија за својата глупава антируска политика, т.е. суспензијата на новиот СТАРТ. Не можете да се борите против Русија а тоа да изгледа како да е работа како и обично за прашањата на стратешката стабилност“, напиша Медведев на Твитер на англиски јазик, пренесе ТАСС.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во своето обраќање пред Сојузното собрание соопшти дека Русија го суспендира учеството во новиот СТАРТ, но не се повлекува од него.

Слични содржини