Медведев: Русија е подготвена да ги продолжи разговорите со Украина, но само доколку Киев ја препознае реалноста

од Milan1
34 прегледи

Русија е подготвена да ги продолжи разговорите со Украина, но само доколку Киев ја препознае реалноста на теренот и предлозите на рускиот претседател Владимир Путин, изјави денеска заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија и претседател на партијата Единствена Русија Дмитриј Медведев.

„Подготвени сме да ги продолжиме преговорите со Украина, но само доколку Киев ја препознае реалноста на теренот и предлозите што ги претстави рускиот претседател Владимир Путин за време на неговиот говор во Министерството за надворешни работи оваа година“, рече Медведев на прес-конференција по разговорите со кинескиот претседател Си Џинпинг во Пекинг, објави Тас.

Тој додаде дека на средбата со кинескиот лидер биле покренати темите за Украина и Сирија, како и прашањата за билатералната соработка, „земајќи ги предвид промените во меѓународната политика, вклучително и сириската криза“.

Одговарајќи на новинарски прашања за ситуацијата во Сирија, Медведев рече дека не е сигурен дека единството на Сирија ќе може да се одржи по промената на власта во земјата, дека сите народи и претставници на различни религии ќе можат да продолжат да постоиме заедно.

„Сè уште не сум го слушнал одговорот на прашањето како ќе биде можно да се најде консензус за интересите на сунитите, шиитите, алавитите, друзите и христијаните“, посочи тој.

Медведев потсети дека Русија извесен период и давала сериозна поддршка на владата на поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад, бидејќи „разбрала какви закани претставува можниот колапс на Сирија за целиот свет, по сценариото на другите земји од Блискиот Исток“.

Слични содржини