Медведев: Статусот на постојаните членки на Советот за безбедност на ОН не смее да се менува

од Берта Китинска

Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев денеска изјави дека статусот на постојаните членки на Советот за безбедност на Обединетите нации, вклучително и нивното право на вето, никогаш не треба да биде предмет на ревизија.

„Статусот на (постојаните) земји-членки на Советот за безбедност на ОН, кои се основачи на ОН, никогаш не треба да биде предмет на ревизија, а тоа го вклучува и нивното право на вето“, рече Медведев на Телеграма, а пренесе ТАСС.

Слични содржини