Медведев: Украина како земја неизбежно ќе исчезне, има неколку сценарија

од Stefanija Kuzmanovska

Заменик-шефот на Советот за безбедност на Русија, Димитриј Медведев, смета дека Украина како земја неизбежно ќе исчезне, но дека тоа може да се случи според различни сценарија.

На Телеграм, Медведев опиша неколку можни сценарија за тоа како Украина ќе исчезне, како и ризикот од обновување на конфликти во Европа и светот, пренесува „Спутник“.

„Тоа ќе зависи од кој пат ќе се одвива процесот на распаѓање на таа држава на умирање поради изгубениот воен конфликт. Постојат две патишта, или патот на релативно бавна ерозија на украинската државност со постепено губење на преостанатите елементи на државниот суверенитет, или патот на непосреден колапс со истовремено откажување на сите знаци на државност“, рече Медведев.

Слични содржини