Медведев: Водејќи хибридна војна против Русија, Западот се приближува кон светска војна

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот претседател на Русија и долгогодишен сојузник на Путин, Дмитриј Медведев, изјави дека експлозијата на територијата на Полска покажала дека Западот се приближува до нова светска војна.

„Инцидентот со наводниот украински ‘ракетен удар’ врз Полска докажува едно – со водење хибридна војна против Русија, Западот се приближува до светска војна“, напиша Медведев на Твитер.

Да потсетиме, проектили погодија село во Полска во вторникот вечерта, а во експлозијата загинаа две лица. Поради ова, Варшава ја подигна борбената готовност.

Веднаш потоа, украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека руски ракети ја погодиле Полска, што, како што рече, „покажува дека теророт на Москва не е ограничен само на границите на Украина“.

Слични содржини