Медведев за Ѓоковиќ: Правилата се тука за да се почитуваат

од Vladimir Zorba

Рускиот тенисер Данил Медведев на прес-конференцијата пред првиот Гренс слем сезонава зборуваше за ситуацијата околу Новак Ѓоковиќ.

Како што рече, правилата се таму за да се почитуваат.

„Претпоставувам дека утре ќе знаеме дали ќе игра и ќе знаеме повеќе за случајот бидејќи неодамна беа донесени неколку различни одлуки. Сакам да кажам дека сме во Австралија и нивните правила важат овде. Колку што знам , ако имате валиден исклучок, да бидете во земјата, тогаш можете да играте. Ако не, секоја земја може да ви забрани влез“, рече Медведев.

Тој изрази сомнеж зошто му е укината визата на Ѓоковиќ.

„Никаде не прочитав зошто. Тоа ме интересира. Дали само министерот го кажа тоа? Има ли правна причина? Претпоставувам дека ќе дознаеме повеќе по жалбата“, додаде Медведев.

Истакна дека оваа одлука не влијае на неговите подготовки за турнирот.

„Тешка е ситуацијата за сите. Дефинитивно би се сретнал со него само во финалето. Пред тоа би морал да победам најмалку шест натпревари. Нема да го сменам начинот на кој се подготвувам за турнир или посебен натпревар“, изјави Медведев.

Слични содржини