Медведев за рускиот ракетен напад врз Украина: Ова беше прва епизода, ќе има уште

од Берта Китинска

Поранешниот руски претседател, а сега заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, Дмитри Медведев (Дмитриј) ги коментираше руските напади низ Украина, радувајќи се и изјави дека тоа е првата епизода.

– Ќе има и други – тврди Медведев и додава:

– И уште нешто. Украинската држава во нејзината сегашна конфигурација со нацистичкиот политички режим ќе претставува постојана, директна и јасна закана за Русија.

Медведев тврди дека една од целите на Русија е „да го заштити својот народ и да ги заштити границите на земјата.

– Целта на нашите идни акции, според мене, треба да биде целосно разбивање на политичкиот режим на Украина – тврди Медведев.

Слични содржини