Мега дрон за земјоделско производство

од Aleksandar Petrovski

Ова прво големо земјоделско беспилотно летало резултат е на соработката помеѓу  John Deerea,  кој носи знаење за земјоделците и пионерот Urban Air Mobility Volocopter.

Голeмите дронови стануваат се позначајни не само во областа на логистиката туку и во сообраќајот. Истовремено малите дронови се користат и во земјоделството за да дадат увид  во состојбата на полињата, можна болест кај посевите, недостаток од вода или ѓубриво.

Голем потенцијал

ВолоДронот го движат 18 ротори со вкупен  дијаметар  од 9,2 метри, а се одликува со целосно електричен погон корисејќи литиум-јонски батерии кои может да се заменуваат. Едно полнење на батериите овозможува 30 минути летање. Со ВолоДронот може да се управува со далечински управувач или автоматски со однапред програмиран пат.

Покриеност на подрачје до 6 хектари/час.

Рамката на дронот е опремена со стандардизиран состав на прицврстување  на корисниот товар. Тоа значо дека на рамката можат да се  вградат различни направи во зависност од примената. За заштита на посевите, дронот е опремен со два резервоари со  пумпа и шипка за прскање. Благодарејќи на малата висина на летање на беспилотното летало може да се постигне многу голема покриеност на подрачјето до 6 хектари на час.  и да се подобри управувањето на прскањето. Поради големата флексибилност и GPS контролата возможни се селективни термани во регионите.Во текот на наредната вегетациска сезона ќе се спроведат соодветни испитувања на летот за да може дронот што побрзо да излезе на пазарот.

Како изгледа ВолоДрон во практична примена погледнете на видеото:  

Слични содржини