Меган добила понуди за улоги, но сметала дека не и се достојни

од Vladimir Zorba

Меган Маркл е постојано во центарот на вниманието на светската јавност, а најновите вести што ја „мачат“ планетата се онаа за наводниот развод меѓу неа и принцот Хари, како и нејзиното вистинско име.

Откако во јавноста истече матичниот лист на малиот Арчи, синот на Меган и Хари, светот повторно почна да дебатира за вистинското име на Меган.

„Принцезата на Велика Британија Рејчел Меган“, се вели во матичната книга на родените, и иако во официјалната биографија на Меган Маркл може да се прочита дека тоа е нејзиното вистинско име, таа не се појавува јавно под тоа име. Само неколку дена порано, беше откриена друга тајна на Меган Маркл, која сега живее со Хари и Арчи во Лос Анџелес.

Нејзините пријатели изјавиле дека Меган отсекогаш посакувала да живее холивудски живот:

„Таа секогаш сакаше ваква слава и не мислам дека и беше тешко да го убеди Хари. Тој не се спротиставуваше премногу кога донесе одлука да се пресели во Лос Анџелес”, изјави извор за странските медиуми, додавајќи дека самиот Хари бил фасциниран од филмските ѕвезди и затоа не е изненадувачки што тој ги следел плановите на неговата сопруга.

Како што наведува, таа е среќна што постигнала совршено решение – сепак е во брак со принцот, но избира што да прави и повеќе не мора да бара дозвола од кралското семејство за секој свој чекор.

Исто така имаше полемики дека Меган ќе се врати на глумата, а потоа беше објавено дека таа воопшто не била заинтересирана за тоа.

„Иако досега добила многу понуди, Меган верува дека повеќето од нив се „излитени“ и „под нејзина чест“, рече изворот и додаде дека Меган е загрижена што критичарите ќе бидат особено груби кон неа откако ќе се врати пред камерата.

Слични содржини