Меган Фокс дефинитивно се разведува, оставениот сопруг порачува – секогаш ќе ја сакам

од Aleksandar Petrovski

Пред неколку дена се пишуваше дека актерите Меган Фокс и Брајан Остин Грин се разведуваат по 10 години брак, за време на кои добија три сина, а сега е и официјално.

Глумецот реши да проговори, па го потврди овој трач и додаде дека Меган и тој сакале да се обидат повторно, но не успеале. Тој и откри дека токму тој е оној што е оставен и дека не ја исклучува можноста да останат пријатели.

-Секогаш ќе ја сакам. Знам дека и таа ќе ме сака мене, затоа што она што ние го имавме и нашето семејство беше нешто многу посебно, изјави Брајан.
Меган неодамна е видена како со раперот Машин Ган Кели зема храна од еден ресторан, а парот наводно се запознал на снимањето на новиот филм на Меган, Midnight In The Switchgrass. Раперот претходно го поврзуваа со Кејт Бекинсејл и Деми Ловато.

Сопругот на актерката истакнал дека атмосферата во нивниот дом била чудна во последно време, што се припишувало на замор.

-И дадов неколку недели, мислев дека работите ќе се вратат во нормала, дека е само уморна затоа што имала напорни снимања, искрен е Брајан Остин Грин.

Медиумите јавуваат дека се уште не се поднесени документите за развод, но дека глумците повеќе не живеат заедно.

Слични содржини