Меган Фокс ги избриша фотографиите со нејзиниот вереник и почна да го следи неговиот непријател Еминем

од Radmila Tasevska

Актерката со нова објава навести дека на врската меѓу неа и музичарот и дојде крајот, а на крајот го избриша својот Инстаграм профил.

Меган ги избриша повеќето од фотографиите со нејзиниот вереник, вклучувајќи ја и фотографијата што ја направи за да ја прослави неговата номинација за Греми. Таа прекинала и да го следи на Инстаграм.

Таа објави и неколку фотографии и видео со кое навести дека на нивната долгогодишна љубов и дојде крајот.

Таа објави неколку провокативни фотографии од себе, како и една со непознат маж, кој ја прегрнува на една од фотографиите.

-Можеш да го вкусиш непочитувањето, тоа е насекаде во твојот здив – напишала таа во описот на објавата.

Таа снимила и видео, кое го споделила со своите следбеници, во кое пали писмо. Многумина веруваат дека станува збор за писмо кое и го напишал нејзиниот вереник. По објавата и откако го избриша својот вереник од Инстаграм, таа ги следеше Хари Стајлс, Тимоти Шаламет и Еминем, со кои Машин Ган Кели се кара веќе неколку години.

Она што најмногу ги изненади нејзините фанови е тоа што актерката го избриша својот Инстаграм профил по мистериозната објава.

Двојката последен пат беа видени заедно на забавата на Дрејк во Супер Боул само неколку часа пред нејзиното објавување. Токму затоа многумина веруваат дека пејачот ја изневерил актерката.

Меган и Машин Ган Кели се во врска од 2020 година, а се верија минатата година. Тие наводно се заљубиле на прв поглед за време на снимањето на „Midnight in the Switchgrass“, по што таа поднела барање за развод од Брајан Остин Грин, со кој има три деца.

Слични содржини