Меган Фокс повторно остави без здив со својот нов стајлинг (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Меган Фокс, една од најубавите и најсексапилните жени во Холивуд, неодамна беше уловена од папарацо-фотографи на снимање во Лос Анџелес, а нејзиниот стил привлече посебно внимание.

Познатата 35-годишна актерка привлече воздишки во прилично смело издание.

Убавата бринета ги покажа своите облини во урбана комбинација на облека, облечена во фармерки со модерен крој, транспарентно боди со циркони и блејзер.

„Главната sвезда“ на целата облека беше – погодивте – целосно транспарентното боди со циркони, што речиси целосно ги откри градите на познатата актерка.

Инаку, откако е со раперот Машин Ган Кели, Меган Фокс се повеќе избира ексцентрични комбинации на облека кои скоро секогаш го привлекуваат вниманието на јавноста.

Така, таа неодамна се појави со својот дечко на доделувањето на музичките награди „Билборд 2021“ во фустан што откриваше повеќе отколку што покриваше, а особено внимание привлече и нејзиното момче, кое за таа пригода го обои неговиот јазик црно.

Слични содржини