Меган Фокс позираше со своето ново момче, а потоа ѝ одговори поранешниот сопруг

од Stefanija Kuzmanovska

Атрактивната актерка Меган Фокс повеќе не ја крие романсата со своето ново момче, раперот Колсон Бејкер, попознат како Machine Gun Kelly. Двајцата сега позираат заедно, па актерката ја објави нивната прва заедничка фотографија на социјалните мрежи.

„Момче толку убаво што боли. Моето срце е твое“, напиша таа на Инстаграм во описот на црно-бела фотографија во која и двајцата се завиткани во пешкир.

И потоа следеше „контранапад“.

Имено, нејзиниот поранешен сопруг Брајан Остин Грин реагираше индиректно на ова објавувајќи неколку фотографии од нивните тројца заеднички синови, Ноа, Боди и Џорни, и неговиот најстар син од првиот брак Касиус.

„Момчиња толку убави што боли. Моето срце е ваше“, напиша актерот, алудирајќи на објавата на Меган која ја сподели само неколку часа порано.

View this post on Instagram

Achingly beautiful boys…… My heart is yours

A post shared by Brian Austin Green (@brianaustingreen) on

Слични содржини