Меган Фокс во најпровокативното издание досега! Остави малку на фантазијата (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Доделувањето на музичките награди Билборд се одржаа во Лос Анџелес, а актерката Меган Фокс дојде на овој настан со своето момче, музичарот познат како Машин Ган Кели. Со своето пристигнување, облека и однесување, таа осигури дека ќе биде главна тема на светските медиуми!

Меган отсекогаш важела за една од најзгодните и најубави актерки, а откако е во врска со своето ново момче, тоа почна да го покажува сè повеќе и повеќе.

На доделувањето на наградите Билборд, таа дојде во исклучително „ризичен“ црн фустан од марката „Муглер“, чијшто долен дел не само што е целосно провиден, па задникот ѝ беше целосно откриен во танга, туку и горниот дел ѝ беше исечен така што градите исто така беа истакнати.

Со својот избор на фустан, Меган остави малку на фантазијата и се погрижи сите да се свртат кон неа.

Слични содржини