Меган ги шокирала сите: Малтретирала вработени, па интервенирала и кралицата

од Stefanija Kuzmanovska

Откако ја започна врската со Хари, Меган Маркл е „тероризирана“ од британските медиуми кои ја прикажуваат какоразгалена и егоистична. Но новата книга на Валентин Лу, „Семејството Виндзор: Скриената моќ зад круната“, открива дека тоа не е далеку од вистината и дека кралицата Елизабета Втора лично била сведок на нејзините испади.

Имено, за време на подготовките за венчавката на Меган Маркл и Хари, во Виндзор била организирана дегустација на свадбеното мени.

На раскошната маса имало и специјално подготвено јајце, а еден од вработените ја замолил Маркл да го проба, пишува Daily Mail.

Сепак, ова барање ја налутило војвотката од Сасекс.

„Таа прилично се вознемири и хистерично рече дека храната мора да биде веганска и макробиотска“, рекол извор близок до кралското семејство.

Овој испад на Маркл ја разбеснил кралицата.

„Меган, во ова семејство не зборуваме така со луѓето“, ѝ рекла Елизабета.

Додека Меган продолжила да инсистира да се исполнат нејзините барања, кралицата сè повеќе се лутела. Дополнителен „удар“ ѝ задал нејзиниот миленик Хари, кој исто така инсистирал да се почитуваат желбите на неговата тогашна девојка.

„Она што Меган го сака, Меган мора да го добие“, рекол Хари пред своето семејство.

Поради таквото однесување, Елизабета го прекорила пред сите.

Слични содржини