Меган и Хари облечени во црвена облека на концерт во Ројал Алберт Хол (ФОТО)

од Elena Daskalova

Како дел од своите последни кралски обврски, Меган и Хари се појавија на свечен концерт во Ројал Алберт Хол во Лондон, облечени во складни комбинации.

За свечениот концерт, Хари носеше црвена кралска униформа, додека Меган Маркл беше облечена во елегантен макси фустан од „Сафија“ достапен во продажба по цена од 1.295 фунти.

На парот им останаа уште неколку кралски обврски, пред нивното конечно повлекување од ваквиот начин на живот. Денес Меган ќе учествува на настанот организиран по повод Денот на жената, 8 Март.

Пристигнувањето на Меган и Хари во Холот било проследено со огромен аплауз, а пред да се сместат во кралската ложа, биле поздравени од маринци и бројни важни гости на овој настан.

Слични содржини