МЕГАН И ХАРИ ПРЕПЛАШЕНИ: Преземаат драстични мерки поради безбедносни причини

од Stefanija Kuzmanovska

Принцот Хари и Меган Маркл завршија во полицијата и, како што се чини, тоа што се случува околу нив многу ги вознемирило.


Меган Маркл и Хари живеат со малиот Арчи во луксузна вила во Мулибу, далеку од кралскиот двор. Сепак, се чини дека нивното чувство на среќа заради слободата што тие ја уживаат во последно време е заменета со страв. Поранешната кралска двојка, наводно, живее во паника откако забележале беспилотни летала што летаат околу нивната куќа.

Американски „Дејли Бист“ пишува дека дроновите летале на надморска височина од само шест метри и дека биле забележани најмалку пет пати во изминатиов месец, па затоа повикале полиција. Иако со нив најверојатно ракуваат папараците, тие се плашат дека зад сето ова може да секријат терористички групи.

Како што наводно им кажале на пријателите, откако повикале полиција, тие ќе ангажираат приватно обезбедување заради случувањата.

„Тие ги гледаат тие беспилотни летала цело време и претпоставуваат дека ги раководат папараци, но не се сигурни. На Меган и се закануваа кога се омажи, па се плаши од терористи. Луѓето забораваат дека се вистински луѓе, тие се вистинско семејство. Не сакаат посебен третман, само да се чувствуваат безбедно и нивниот дом да се почитува, откри извор близок до парот за странските медиуми.

Слични содржини