Меган и Хари се повлекоа од социјалните мрежи, позната и причината зошто

од Stefanija Kuzmanovska

Откако минатата година им објавија „војна“ на британските таблоиди, кои тие ги обвинија за искривени и лажни сведоштва, Меган Маркл (38) и принцот Хари отидоа чекор подалеку. „Дејли меил“ пишува дека тие одлучиле да се повлечат од социјалните мрежи.

Меган и Хари ги отфрлаат социјалните мрежи приватно и професионално. Тие не планираат да користат платформи како што се Инстаграм, Твитер и Фејсбук во нивната непрофитна организација Archewell Foundation, во рамките на која неодамна лансираа подкаст за Spotify.

Британските медиуми пишуваат дека Меган и Хари изјавиле дека немаат намера повторно да ги користат социјалните мрежи под нивните имиња.

Меган претходно изјави дека ѝ е тешко поради „нападите“ преку социјалните мрежи, а сега наводно се уморни од „малтретирањето“ преку мрежите.

Да потсетиме, парот е мета на критики и поради фактот што го напуштија кралското семејство со изговор дека сакаат приватност, а сега самите се ставаат во центарот на вниманието на медиумите.

Слични содржини