Меган и Хари се враќаат во Британија: Поканети се на важен настан

Кралската палата во Велика Британија потврди дека внуката на кралицата Елизабета, Беатрис, во мај ќе се венча за мултимилијардерот Едоардо Мапели Мози, пишува Daily Mail.

Венчавката ќе биде во градината на Бакингемската палата во Лондон, а потврдено е дека на венчавката ќе дојдат и принцот Хари и Меган Маркл.

Парот одлучил гостите да не носат подароци, туку да се распрашаат околу добротворните организации во кои работат, а тоа е Big Change и Cricket Brings Hope. Еден од главните цели на овие организации е да помогне крикетот да подигне позитивни општествени промени во Руанда.

За потсетување, принцезата својот свршеник го запознала во 2018 година. Тајкунот Едоардо зад себе има веќе неколку сериозни врски, а една од нив дури завршила со свршувачка. Иако до венчавка не дошло, од таа врска Мози има син, а на својата венчавка со Беатрис би можел и тој да биде присутен.

Имено, Едоардо својата поранешна љубов, архитектката Дара Хуанг, ја оставил без објаснување во моментот кога започнале шушкањата околу неговата врска со Беатрис. Поради непријатната ситуација, која не е во склад со кралските правила, Беатрис одлучила јасно да покаже дека го прифаќа минатото на својот иден сопруг, па Дара ја викнала на венчавката.

Покрај тоа, принцезата замислила синот на Едоардо да биде кум, иако правно дека тоа не е возможно бидејќи се работи за мало дете. Принцезата наводно сака да има добри односи со поранешната свршеница бидејќи смета дека таа е патот до срцето на малиот Кристофер.

Слични содржини