Меган и Хари во војна со папараците: Некој го сликал малиот Арчи со дрон додека си играл

од Vladimir Zorba

Војводата и војвотката од Сасекс започнале правни постапки во САД откако неколку беспилотни летала биле користени за да се фотографира нивниот син Арчи додека тој играл дома.

Пријава поднесена во четвртокот во Лос Анџелес тврди дека неименувана личност го фотографирал 14-месечниот Арчи во куќата. Меган Маркл и принцот Хари тврдат дека ова е повреда на приватноста. Судската постапка го истакнува законот за приватност, кој важи во Калифорнија.

Меган Маркл и принцот Хари сега се наоѓаат во Лос Анџелес, а се повлекоа од кралските должности во март.

– На секој поединец и член на семејство во Калифорнија му се гарантира со закон правото на приватност во нивниот дом. Ниту беспилотните летала, ниту хеликоптерите немаат право тоа да го одземат. Војводата и војвотката ја покренуваат оваа тужба со цел да го заштитат својот мал син во нивниот дом без упад на фотографи и да ги запрат оние кои сакаат да профитираат од овие незаконски активности – рече адвокатот на семејството Мајкл Камп.

Според тужбата, војводата и војвотката постојано се следат од папараци, хеликоптери кои летаат над нивниот дом и прават дупки во заштитните огради.

Да ве потсетиме, Меган и Хари веќе водат правна постапка против „
ејлон Сандеј“ и „Мејл онлајн“.

Слични содржини