Меган Маркел предизвикала бес со нејзиниот изглед. Кој е изненаден?

од Vladimir Zorba

Меган Маркел повторно предизвика вистински бес со нејзиниот изглед. Овој пат, сопругата на Принцот Хари беше гостинка на Модните награди 2018 во Лондон, објави “Дејли мејл”.

Некогашната ѕвезда од тв-екраните знае како да влијае на публиката и ретко греши во изборот на тоалети. И овој пат таа се појави во црна долга тоалета со голо рамо на Givenchy, која многу точно го оцртуваше заобленото нејзино стомаче. Нејзината коса беше собрана.

Негативните реакции беа заради кршењето на т.н. наводниот протокол со лакираните нокти во црна боја, како и постојаното милување на трудничкото стомаче, кое се уште е навистина мало.

Инаку присуството на наградите ги изненади гостите, бидејќи не беше најавено. Војвотката од Сасекс се појави на сцената за да претстави статуетка на креаторот на нејзината венчаница Клер Вејт Келер. Креативниот директор на Живанши ја освои наградата за најдобар британски дизајнер на годината за колекции на женски облеки.

Реакцијата на Клер јасно стави до знаење дека нејзиното присуство е исто така изненадување за неа. “За мене е голема чест да сум тука, на наградите на британските дизајнери во мојот нов дом Велика Британија”, рече војвотката. Настанот се одржа во Ројал Алберт Хол во Лондон.

Меган очекува да се породи во пролетта 2019 година.

За време на настанот во Лондон, Вивиан Вествуд доби специјална награда за позитивни промени во врска со нејзиниот ангажман во климатските промени. 77-годишната икона на панк модата ја искористи можноста да се открие “расипаниот финансиски систем”, што е причина за “сите наши проблеми”.

 

Фото: Ројтерс

Слични содржини