Меган Маркл иако е во лоши односи со кралското семејство, не се откажува од ова (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Сопругата на принцот Хари претходно неколку пати изјави дека нема никаква врска со кралското семејство.

Меган Маркл повторно ја налути јавноста, по објавувањето на писмо со монограмот на кралското семејство.

Симболот на кралското семејство е монограм со златна круна, кој Меган сè уште го користи, а кој беше откриен пред нејзината венчавка со принцот Хари во 2018 година. Ова го откри Алисон Џероу, која го сподели нејзиното писмо за благодарност на Инстаграм.

Биографката Анџела Левин проценила дека Меган тоа го прави за да се „направи важна“.

„Луѓето имаат високо мислење за неа ако е вклучена и титулата, се разбира, ако има симбол на круната, тоа е уште повеќе. Таа всушност сака да се прави важна, сака да го прави само она што го сака. Што ќе направи кралското семејство за тоа? Апсолутно ништо. Таа го турка тоа колку што може повеќе на секој можен начин. И мисли дека луѓето ќе мислат дека е неверојатна“, изјави Анџела за британски „The Sun“.

Под фотографијата имаше главно негативни коментари од корисниците, кои сметаат дека нејзиното однесување кон кралското семејство е погрешно.

„Зошто ја користи круната кога веќе не е активна во кралското семејство? Хм“, „Маркл е најголемата лицемерна и самопрогласена жртва што сум ја видел. Круна над нејзиното име“, „Користење на круната и зборување лошо за кралското семејство“, се само дел од коментарите.

Слични содржини