Меган Маркл ја излажала Опра во интервјуто

од Vladimir Zorba

Во интервју за Опра Винфри, Меган Маркл тврдеше дека многу малку знаела за кралското семејство пред да се сретне со принцот Хари, иако на својот блог пред седум години напишала за својот сон да стане принцеза и за венчавката на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон. Детали од нејзиниот претходен живот како актерка сега се појавија во јавноста.

За време на интервјуто со Опра Винфри, кое крена многу прашина, војвотката од Сасекс рече дека не знаела многу за кралското семејство пред да го запознае принцот Хари, но уште во 2014 година, кога работеше како актерка, таа пишувала за кралското семејство и сонот да стане принцеза, пишува „The Sun“.

На својот блог „The Tig“, кој е затворен веќе некое време, Меган напиша дека пораснала сонувајќи да стане принцеза и за помпата што ја опкружувала свадбата на Кејт и Вилијам.

„Се чини дека возрасните жени ја чуваат таа детска фантазија. Погледнете ја само помпезноста и околностите околу кралската венчавка и бескрајниот разговор за принцезата Кејт“, напиша таа меѓу другото.

Според британските медиуми, некои од нејзините пријатели од детството, исто така, тврдат дека таа имала голем интерес за кралското семејство додека растела, особено принцезата Дајана. Нинаки Приди за „Сан“ изјави дека Меган „секогаш била фасцинирана“ од кралското семејство и дека сака да биде „принцезата Дајана 2.0“.

Американските и британските медиуми пронајдоа одредени сличности помеѓу принцезата Дајана и Меган Маркл во текот на изминатата недела и изјавија дека Меган „совршено ги зема“ нејзите модни комбинации и го имитира нејзиниот моден израз.

Кралскиот биограф Ендру Мортон тврди дека кога Меган имала 16 години, таа го гледала погребот на принцезата Дајана со „солзи како и течат по образите“.

Слични содржини