Меган Маркл ќе го наследи Бајден?

од Stefanija Kuzmanovska

Гласините дека Меган Маркл би можела да се кандидира за претседател на САД во 2024 година, ако Џо Бајден одлучи дека не сака да се кандидира за втор мандат се се посилни, пренесуваат странските медиуми.

Имено, изворот тврди дека војвотката од Сасекс „се вмрежила со демократите“, и дека наводно се обидува да собере свој тим.

„Таа се обидува да започне кампања, како и да собере тим за собирање средства за каква било потенцијална кампања“, рече изворот.

„Некои членови на Демократската партија разговараат со Меган за нејзините политички амбиции и потенцијалните гласачи“, додаде „Дејли Меил“.

Ако Меган го постигне ова, би можела да стане првата жена претседател на Соединетите држави.

Близок пријател на војвотката од Сасекс минатата година за Vanity Fair изјави дека Меган не се одрекла од американското државјанство кога се омажила за принцот Хари со цел да има отворена опција за влез во политиката.

Американски експерти велат дека Меган би морала да се откаже од својата титула доколку сака да извршува јавна функција во Америка, во спротивно сè би било во спротивност со американската заклетва на верност.

Слични содржини