Меган Маркл носи обетки кои и ги дал принцот обвинет за убиството на Кашоги

од Nikola Popovski

Меган Маркл (39) носелаобетки што и ги подарли принцот Саудиска Арабија на државната вечера во време кога сите светски лидери го осудуваат за убиството на новинарот Кашоги, пренесува „Метро“.

Имено, новинарот Џамал Кашоги, кој бил колумнист во „Вашингтон пост“ и критичар на Мохамед бин Салман, е убиен во октомври 2018 година од саудиски агенти.

Осум лица биле осудени за неговото убиство, но токму принцот Салман биле обвинет од светските лидери, бидејќи за него работеле неколку агенти вклучени во смртта на новинарот.

Извештајот од агенцијата „ЦИА“, објавен од американскиот претседател Џо Бајден минатата недела, открива дека принцот Салман го одобрил убиството на господинот Кашоги во саудискиот конзулат во Истанбул.

Војвотката од Сасекс во тоа време била забележана како носи обетки „Chopard“ за време на првата ноќ на државната посета на Фиџи, три недели по убиството на Кашоги.

Според „Тајмс“, прес-службата на палатата Кенсингтон тогаш во медиумите изјавила дека обетките биле позајмени, но тие не сакале да кажат кога се слулчило тоа.

Изворот тогаш рекол дека службата во Лондон, одговорни за регистрација на кралските подароци, подоцна ги препознале како подарок за венчавката од принцот Салман.

Малку е веројатно дека принцот Салман лично и ги подарил на Меган, но тој ручал со кралицата Елизабета за време на тридневната посета на Лондон во март 2018 година, што била на два месеци пред венчавката на Хари и Меган.

Бидејќи обетките и биле дадени на Меган, која тогаш била член на кралското семејство, тие официјално се сметаат за имот на кралското семејство. Тие биле достапни на војвотката, но таа не можеча да ги продаде или да ги даде на некој друг. Нејзините адвокати рекле дека на тоа го мислела кога рекла дека обетките се позајмени.

Меган ги носела повторно на прославата на 70-от роденден на принцот Чарлс во Бакингемската палата на 14 ноември истата година.

Принцот Салман подоцна рече дека тој е одговорен за убиството на г-дин Кашоги, бидејќи тоа се случило под негов надзор, но тој негирал дека претходно знаел за заговорите за убиството. Многумина тврдат дека под неговото владеење се зголемил бројот на апсења на активисти за човекови права.

Слични содржини