Меган Маркл откри што се крие зад нејзината голема одлука што налути многумина

од Nikola Popovski
157 прегледи

Меган Маркл и нејзиното шоу „With love, Meghan“ има поделени критики, но успеаја да добијат и втора сезона на Нетфликс. Сепак, она што налути многумина е големата лага на војвотката.

Иако во својата серија „With love, Meghan“ сакаше на гледачите да им даде подобар увид во нејзиното секојдневие и реалниот живот, како што самата се нарече Меган Сасекс, таа не го направи тоа на најдобар начин. Пред се затоа што изнајмената куќа за снимање ја претстави како свој топол дом.

На самитот „Time100“ во Њујорк, таа конечно откри зошто го направила тоа: „Имам деца кои доаѓаат дома да спијат, а 80 луѓе во кујната не е спомен од детството што сакам да го имаат“.

Маркл ѝ кажала на извршната директорка на „Time“, Џесика Сибли, дека е „навистина среќна“ што пронашла друга куќа во близина на нејзиниот дом. Веќе е познато дека за снимањето на серијата изнајмила селска куќа во Монтесито вредна 8 милиони долари во сопственост на филантропите Том и Шери Ципола.

Да потсетиме, таа во Њујорк пристигна со принцот Хари, а посебно внимание привлече нејзиниот аутфит чија цена надминува 5.000 долари.

Слични содржини