Меган Маркл планира да се породи под хипноза

од Vlatko K

Сопругата на принцот Хари, Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, има намера да се породи под хипноза, пишува „Сан“.

На овој начин таа нема да доживее силна болка при раѓање и нема да прибегне кон лекови.

За среќниот настан во текот на пролетта, мајката на Меган, Дорија Раглен, се очекува да пристигне во Велика Британија.

Според весникот, таа ја убедила нејзината 37-годишна ќерка природно да се породи.

Претходно стана познато дека војводите на Сасекс избрале доилка по препорака на Џорџ и Амал Клуни, кои ќе бидат и кумови на идното бебе. Тоа е Кони Симпсон, која претходно ги давала предметните услуги на децата на популарни личности како Џесика Биел и Џастин Тимберлејк, Џесика Алба и Кеш Ворен, Емили Блант и Џон Красински.

Слични содржини