Иако претходно истакна дека првата година од нивната врска воопшто не била идеална со сите притисоци со кои морале да се справат, Меган Маркл сега сосема отворено откри дека по шест месеци веќе влегла во конфликти со принцот Хари.
За време на нејзиното прво интервју за подкастот „Шоуто на Џејми Керн Лима“, Меган Маркл отворено зборуваше за тешките почетоци на нејзината врска со принцот Хари.
За време на епизодата, која се емитуваше во понеделник, војвотката од Сасекс призна како се скарале по половина година врска.
„На почетокот, сè е прекрасно и имаш пеперутки во стомакот, но потоа многу брзо влеговме во конфликти“, рекла поранешната актерка од серијата „Suits“.
„Сè почна да се случува ненадејно, по околу шест месеци врска.“ Па сега, седум години подоцна, кога имате малку простор за дишење, можете да уживате еден во друг на нов начин. И затоа чувствувам дека сега повторно дојде периодот на меден месец за нас“, додаде таа.
Секако, оваа епизода привлече големо внимание бидејќи тоа беше прв пат Меган да биде гостинка во нечиј подкаст, во опуштена, интимна атмосфера, без шминка и гламур, покажувајќи ја со тоа својата ранливост, но и својата автентичност.
Во воведниот клип, Меган ги брише солзите од лицето, нагласувајќи зошто е добро да се биде без шминка: „Не го очекував ова!“ рече таа со смеа. „Ова е толку убаво – затоа е добро да се нема шминка“, рекла поранешната актерка, а во разговорот зборувала и за односот со своите деца, како се справува со притисоците и открила скриени детали од секојдневниот живот.