Меган Маркл се откажува од британското државјанство

од Vladimir Zorba

Војвотката од Сасекс и сопруга на принцот Хари, Меган Маркл, веројатно ќе се откажe од аплицирање за британско државјанство, јавуваат американските медиуми.

38-годишната поранешна актерка, која се омажи за принцот Хари во мај 2018 година, сакаше да добие британско државјанство веднаш штом се пресели во Велика Британија, но таа не живееше доволно време во земјата. Откако стана јасно дека сопругата на принцот Хари не може да добие такво државјанство додека живее во странство, таа имала намера да се откаже.

Според сегашните правила, поранешната ѕвезда на „Suits“, која неодамна објави дека таа и нејзиниот сопруг планираат да се повлечат од обврските во кралското семејство и да живеат во Велика Британија и Канада, не требаше да ја напушти Велика Британија повеќе од 270 дена во целост три години пред да аплицира за државјанство.

Според адвокат за имиграција на Островот, „американски државјанин мора да живее во Велика Британија со неговиот или нејзиниот британски партнер кога аплицира за продолжување на визата. Тие мора да имаат намера да продолжат да живеат заедно трајно во Велика Британија. Ако имало период во кој тие не живееле заедно во Велика Британија во текот на првите две и пол години, „мора да има добра причина за тоа“.

Откажувањето од британското државјанство е уште еден удар во премолчената војна меѓу Маркл и семејството на Хари. Двојката неодамна објави дека повеќе нема да се нарекуваат Кралско височество, ќе бидат обврзани да се повлечат од кралските должности и затоа нема да добиваат јавни средства за исполнување на какви било кралски должности.

Хари и Меган ќе треба да вратат повеќе од 2,4 милиони фунти на британските даночни обврзници, кои се искористени за реновирање на замокот Фрогор котиџ во Виндзор.

Кралицата неодамна објави дека Меган треба да го врати целиот накит од кралската колекција, вклучително и прстенот со син дијамант.

Слични содржини