Меган Маркл за животот во кралското семејство: „Беше горко-слатко“

од Stefanija Kuzmanovska

Актерката Меган Маркл стана светски позната откако се омажи за британскиот принц Хари, по што ја доби титулата војвотка од Сасекс.

Сепак, Хари и Меган кренаа голема прашина кога на почетокот на 2019 година објавија дека се откажуваат од титулите и се преселуваат во Канада.

После тоа настана голема бура околу нивното интервју кое ѝ го дадоа на славната Опра Винфри во кое открија шокантни детали за животот со кралското семејство.

Меган подоцна откри колку тоа влијаело на нивните животи.

„Никогаш не сум морала да потпишам нешто што ме ограничува да зборувам. Можам да зборувам за целото мое искуство“, изјави таа за „The Cut“.

За време на посетата на Англија за да го прослави платинестиот јубилеј на кралицата, Меган го посети и одморалиштето во Фрогмор, каде што претходно престојуваа таа и Хари, и рече дека тоа ѝ вратило многу спомени.

„Се враќаш и ги отвораш фиоките и велиш: ‘О, Боже. Сум го напишала ова во мојот дневник?’. Беше горко-слатко. Знаејќи дека ништо од тоа не мора да биде така“, нагласи Меган.

„Јас и Хари сме како сол и бибер. Секогаш сме заедно“, заклучила актерката.

Слични содржини