Меган нападната бидејќи го оставила синот во Канада од инает, но ова е вистинската причина

Кога Меган Маркл и принцот Хари се вратија во Велика Британија за последните задачи, многумина им замерија дека синот Арчи го оставиле во Канада. Јавноста ги прозва дека тоа го направиле од инает кон кралското семејство, но откриена е вистинската причина.

Новинарот Брајан Гродон, кој е близок до парот, открил дека Меган и Хари се плашеле од коронавирусот, па од таа причина одлучиле да го остават малиот Арчи во Канада, наместо да го земат со себе.

„Одлуката да го остават Арчи не е од инает, како што некои зборуваат, туку од грижа за неговото здравје во време кога ни преги пандемија“, рекол Гродон за Times.

Другите членови на кралското семејство исто така се придржуваат до превентивните мерки, па така принцот Чарлс и кралицата одбегнуваат ракување.

Меган, во меѓувреме, Меган се врати во Канада, додека Хари ќе остане уште некое време во Велика Британија.

Слични содржини