Меган за прв пат се обрати на јавноста по интервјуто со Опра

од Vladimir Zorba

Меган Маркл го покажа својот труднички стомак со гостувањето во шоуто „Vax Live“, за кое сними изјава во дворот на нејзината вила во Монтесито, вредна 14,7 милиони долари. Обраќајќи им се на гледачите, Меган ја коментираше важноста на здравјето и вакцинацијата во ова време на пандемија на коронавирус.

„Како спонзори на кампањата „Vax“, јас и мојот сопруг веруваме дека посветеноста кон здравјето, безбедноста и успехот на сите е клучна за закрепнување, но особено жените кои биле непропорционално погодени од оваа пандемија“, рече Меган, која не ги тргна рацете и не престана да го гали нејзиниот труднички стомак зад широк цветен фустан, кој многумина го забележаа и се потсетија дека го правела истото додека беше бремена со нејзиниот син Арчи.

„Мојот сопруг и јас сме воодушевени што наскоро ќе ја пречекаме нашата ќерка. Го споделуваме тоа чувство на радост со милиони други семејства ширум светот. Кога мислиме на неа, мислиме на сите млади жени и девојки на кои мора да им се даде можност и поддршка за да се движат напред “, рече Меган.

Тоа беше нејзино прво појавување на американската телевизија по бомбастичното интервју што таа и Хари го снимија со Опра Винфри во март, што го шокираше светот и за кое се зборува и денес.

Меган и Хари чекаат девојче кое треба да се роди на лето.

Слични содржини