Меѓу толпата која упадна во Капитол забележан и олимписки шампион (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Последните денови САД е во шок по нападот од приврзаниците на Доналд Трамп во Капитол.

Поранешниот американски пливач Клит Келер беше меѓу толпата незадоволни луѓе од епилогот на изборите и поразот на Трамп од Џо Бајден, која упадна во Капитол.

Келер е трикратен учесник на Олимписките игри, тој освои пет медали, вклучувајќи и две златни медали во штафетата со Мајкл Фелпс, Рајан Лохте и Питер Вандерки.

Медиумите во САД го препознаа Келер, кој според нивните извештаи бил актер во немирите во Капитол.

Тој, наводно, бил препознаен поради тоа што наводно носел јакна од тимот на САД, поради што најмногу паднал во очи.

38-годишникот претходно го поддржуваше Трамп на социјалните мрежи, а по овој инцидент беа избришани сите негови профили.

Келер не бил достапен за коментар.

Слични содржини