Меѓу заробените борци од Азовстал има 78 жени

од Vladimir Zorba

Меѓу заробениците од опколената фабрика за челик во Мариупол, Азовстал има 78 жени, изјави лидерот на проруските сепаратисти.

Руската агенција ТАСС јави дека лидерот на сепаратистите од Доњецк, Денис Пушилин изјавил дека меѓу заробените во Азовстал има и странци. Тој не кажа колку странци се заробени.

„Имаа доволно храна и вода, како и оружје“, изјави Пушилин за ТАСС.

„Нивниот проблем беше недостатокот на лекови и медицински материјали“, додаде тој во изјавата за украинските сили кои даваа отпор во фабриката за челик.

Слични содржини