Меѓународен ден на бегалците

од desk4

Во земјава денеска ќе биде одбележан Меѓународниот ден на бегалците.

По тој повод на Правниот факултет „Јустинијан Први” во Скопје, на свеченост ќе се обрати Моника Сандри, претставничка на УНХЦР во Скопје, проф. д-р Сашо Ѓорѓиевски, претставник на Правната клиника на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Љупка Новеска Андоновска, претседателка на Управниот одбор на Македонското здружение на млади правници и Младен Чадиковски, претседател на Здружението на новинарите на Македонија.

Во рамките на одбележувањето ќе им бидат доделени награди на победниците на Награда за професионално известување за состојбата на бегалците при мешаните миграциски движења за 2018 година во Република Северна Македонија, како и сертификати за студентите кои успешно ја завршија практикантската работа на Правната клиника.

Слични содржини