Меѓународен ден против злоупотреба на дрога и недозволена трговија

од Vladimir Zorba

Денешниот Меѓународен ден против злоупотреба на дрога и недозволена трговија ќе биде одбележан со различни иницијативи низ целиот свет.

Според годишниот извештај на Канцеларијата на ОН за дрога и криминал за 2022 година, повеќе од 200 милиони луѓе во светот користат наркотици.

Податоците во извештајот покажуваат дека канабисот и понатаму е најкористен.

Во последната година, 3,5 милиони возрасни лица користеле кокаин, 2 милиони користеле амфетамини, а околу еден милион Европејци користеле хероин.

Извештајот за 2022 година се фокусира на опасностите што произлегуваат од производството на нови видови синтетички аналози на веќе познати психоактивни супстанции.

На пазарот се појавуваат нови супстанци за кои нема доволно информации за нивното дејство, што значи дека луѓето кои ги користат веројатно не знаат што всушност земаат.

Друг проблем идентификуван во анализата е зголеменото производство на метамфетамин.

Слични содржини