Меѓународен инцидент: Стадо бугарски коњи ги пустошат нивите во пехчевско (ВИДЕО)

од Берта Китинска

Жителите од пехчевското село Спиково без успешно веќе неколку сезони ги бранат нивите и овоштарниците од стадо бугарски коњи, објави ТВ Стар.

– Има луѓе што направиле големи викендици и овоштарници, а во нивите садат секакви градинарски култури, но не напаѓаат коњи од Бугарија, затоа што нашето село е 2 километри од границата. Речиси секогаш се над 50 коњи и кои кога ќе влезат во овоштарникот, газат, јадат и пустошат – вели гледачот на ТВ Стар.

Градоначалникот на Пехчево, Драган Тренчовски вели дека запознаен со овој проблем.

– Има повеќе од шест месеци и сме запознаени со проблемот, а бевме известени и од МВР. Сметам дека ние како локална самоуправа, заедно со надлежните министерства, треба да направиме напори за да им излеземе во пресрет на нашите сограѓани за да можеме да го отстраниме тој проблем – вели градоначалникот Тренчовски.

Според поранешната судијка во Стразбур, Маргарита Цаца Николовска иако проблемот наизглед е банален, тој сепак има меѓународна тежина.

– Не се граѓаните тие кои треба сами да го решаваат проблемот, треба да се обратат до државата, а потоа таа да најде решение за проблемот, а за штетите може и да бараат надомест и во европските судови, вели Николовска.

Слични содржини