Меѓународниот аеродром Скопје од полноќ се затвора за патнички летови

од Берта Китинска

Меѓународниот аеродром Скопје од полноќ ќе биде затворен за патнички летови, сè до следното известување, согласно одлуката на Владата за спречување на внесување и ширење на коронавирусот.

Оттаму ги информирале сите авиокомпании и засегнати страни за оваа одлука, којашто М-НАВ ја објави во НОТАМ – авијациски документ кој ги информира сите авиопревозници за важни и итни пораки.

– Во престојниот период, на Меѓународниот Аеродром Скопје ќе нема патнички летови, освен државни, воени, хуманитарни, медицински, санитарни и карго летови – стои во вчерашното соопштение.

Слични содржини