Меѓусебно признавање на Белград и Приштина до крајот на годината

од Aleksandar Petrovski

Известувачот за Косово во Европскиот парламент, Виола фон Крамон, очекува дијалогот меѓу Белград и Приштина да биде завршен наесен.

Таа додаде дека очекува успешен исход на процесот до крајот на годината, кој го гледа како меѓусебно признавање. Таа на Твитер напиша дека е оптимист во врска со дијалогот меѓу двете страни, а во видео порака изјави дека следниот, а во исто време и најважниот чекор во дијалогот е конференцијата во Париз, организирана од францускиот претседател Емануел Макрон.

– После тоа, очекувањата ќе бидат дека конечно, се надеваме, ќе видиме договор за взаемно признавање за време на есента. Ова е она на што навистина треба да инсистираме и да работиме од обете страни, за да се постигне овој успешен исход до крајот на оваа година – изјави Крамон.

Таа на Твитер посочи дека специјалниот претставник на Европската унија за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, се сретнал со претставници на обете страни, премиерот на привремените институции на Приштина Авдулах Хоти и српскиот претседател Александар Вучиќ минатата недела во Брисел.

– Со ЕУ „на возачкото седиште“, наскоро ќе можеме да напредуваме. Следната фаза ќе биде, се надеваме, конференција во Париз – напиша Крамон на Твитер.

 

Слични содржини