Мегваер лут на Лестер, сака да го напушти тимот

од Vladimir Zorba

Дефанзивецот на Лестер, Хари Мегваер „сврте страница“ и најави дека сака да го напушти клубот, тврди „Сан“.

Тој го споделил тоа пред своите соиграчи за време на тренинг и е бесен дека од раководството на „лисиците“ му „лепат“ толку висока цена. Во канцелариите на тимот пристигнале понуди од Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед во вредност од 70 милиони фунти. Тие беа веднаш отфрлени од клубот.

И додека до моментов дефанзивецот беше познат по својата лојалност кон тимот, тој сега зел друго решение и веќе не сака да останње ни ден повеќе на „Кинг Пауер“ стадионот.

Интересно е да се напомене дека неговиот клуб го проценува на 85 милиони фунти и ниту пени помалку, но се чини едвај некој ќе ја плати оваа сума за неговите права.

Досега ниту еден од двата клуба Манчестер не е склон да ја зголеми понудата над 70 милиони фунти.

Слични содржини