Мехмедовиќ за „омикрон“: Загрижува побрзото ширење, може да биде и до 500 отсто попренослив од делта-сојот

од Milan1

Новата мутација на коронавирусот наречена „омикрон“ кој се појави во Јужна Африка има сериозни карактеристики коишто треба да бидат причина за нашата загриженост, вели за Канал 5, д-р Злате Мехмедовиќ, бидејќи тоје е 500 отсто попренослив.

Прво и основно, пресметките се дека новата мутација „омикрон“ има висок степен на преносливост во однос на делта-варијантата. Ние досега сметавме дека многу долго време нема да може да се појави варијанта којашто ќе биде посилна од делта-варијантата, меѓутоа, новиот сој укажува на тоа дека преносливоста може да биде и повисока. Иницијалните пресметки што ги направи Институтот за молекуларна биотехнологија во Австрија, укажуваат на тоа дека омикрон-сојот може да биде и до 500 отсто попренослив од делта-сојот. Само да потсетиме дека делта-варијантата беше 60 отсто полесно пренослив од алфа-варијантата, а омикронот е 500 проценти попренослив од делта-сојот, објаснува д-р Мехмедовиќ.

Тој вели дека сè уште се разгледуваат карактеристиките од омикрон-варијантата, а една од карактеристиките којашто иницијално сè уште не е потврдена, е дека може да го избегнува и имунитетот стекнат од вакцините против коронавирусот.

Слични содржини