Меј: Во интерес на ЕУ и на Велика Британија е да има договор

од desk2

Британската премиерка Тереза Меј денеска изјави дека во најдобар интерес на Европска унија и на Велика Британија е да постигнат договор за Брегзит.

Таа најави дека на Самитот на ЕУ во Брисел ќе ги запознае лидерите на Унијата со законските и политичките гаранции неопходни за договорот за Брегзит да биде прифатен во британскито Парламент.

– Ќе разговарам со ЕУ лидерите за тоа што е потребно за овој договор да биде прифатен. Ќе ги презентирам законските и политичките гаранции кои ни се потребни за да се одговори на загриженоста на членовите на британскиот Парламент, посочи Меј.

Слични содржини