Мејведер ја воодушеви Америка: Го плаќа погребот на Афроамериканецот Флојд

од Nikola Popovski

Поранешниот американски боксер Флојд Мејведер објави дека ќе ги преземе трошоците за погребот на Џорџ Флојд, 46-годишниот Афроамериканец, чија смрт предизвика бран протести во САД, јави германската новинска агенција „Dpa“, повикувајќи се на американски медиуми.

Мејведер му понудил на семејството на Флојд да ги сноси трошоците за погребот на 9 јуни во Хјустон и други трошоци, а семејството веќе ја прифатила понудата. Според извори блиски до Мејведер, боксерот ќе ги плати и трошоците за комеморациите во Минесота и Северна Каролина.

Флојд почина минатата недела по полициската бруталност. Неговата смрт предизвика бран протести во САД против полициското насилство и расизмот. Бројни познати спортисти, исто така, се приклучија на протестите.

Мејведер, кој се пензионир откако беше непоразен во 50 борби и кој има освоено пет светски титули, веќе претходно има платено погребни трошоци за еден од неговите ривали. Тој ја освои својата прва светска титула во 1998 година кога го совлада Генар Ернандез во борба за ВБЦ појасот во тешка категорија. Ернандез почина 13 години подоцна од рак, а Мејведер ги покри трошоците за погребот.

Слични содржини