МекГрегор го навреди починатиот татко на Хабиб на Твитер

од Stefanija Kuzmanovska

Конор МекГрегор повторно избувна на социјалните мрежи. Сега тој дури и се потсмеваше на смртта на таткото на неговиот голем ривал – Хабиб Нурмагомедов.

Набргу по последниот пораз на Конор од Дастин Поарие, Нурмагомедов напиша дека тогаш доброто го победи злото.

„КОВИД е добар, а таткото е зол?“ МекГрегор праша на Твитер, и јасно е дека тој мислел на смртта на таткото на Хабиб, кој почина кон средината на минатата година како резултат на споменатата болест.

Ирскиот борец се осврна и на поразот од Поарие кога загуби откако ја скрши ногата во октагонот.

„Скокањето во гилотина не е рушење. Добивањето удар во ногата не е блокирање на ударот. Медицинскиот прекин не е технички нокаут. Играта продолжува“, напиша Конор нарекувајќи ги „кучки и мравки“ оние што не го сакаат.

Слични содржини