Мекгрегор ја навреди сопругата на Поарие, таа жестоко му возврати (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Конор Мекгрегор претрпе бизарен пораз на мечот против Дастин Поарие кога незгодно застана и ја извитка ногата неколку секунди пред крајот на првата рунда. Тој не можеше да го продолжи мечот, но тоа не го спречи да се однесува дрско додека лежеше на подот.

Додека седеше во октагонот и го слушна победничкиот говор на неговиот ривал, кој рече дека повредата се случила многу порано кога блокирал еден од ударите на Конор, Ирецот започнал да го навредува.

„Ова не е готово! Ќе решиме сè што е надвор од октагонот“, започна да вика Мекхрегор додека Џо Роган го држел микрофонот.

Ирецот потоа започнал да ја навредува сопругата на Дастин Поарие.

„Имам приватни пораки со твојата сопруга. Бејби, јави ми се да разговараме. Изгледаш добро, кучко мала“, извикал Мекгрегор од подот.

Дули, сопругата на Поарие, реагираше на навредите на Мекгрегор покажувајќи го средниот прст.

Ирецот најави спектакуларна победа пред мечот, му се закани на Поарие дека ќе го извади од салата во куфер, но на крајот, по рундата во која беше целосно беспомошен, мораше да биде изнесен на носилки.

Слични содржини