Путер колачите се подготвуваат од едноставни состојки, а нивниот вкус е прекрасен и неодолив. Највкусни се еден ден откако се испечени, ако успеете да одолеете на убавиот мирис.
Состојки:
220 гр путер
Една шолја ореви
Пола лажичка сол
Една и пол шолја шеќер во прав
Две шолји брашно
Лажичка екстракт од ванила
Подготовка:
Путерот растопете го во мал сад на средна температура. Мешајте често и оставете го на оган додека не се создаде пена и путерот стане златест. Префрлете го во огноотпорен сад и оставете да се излади околу половина час. Оревите исецкајте ги или измелете ги, а во путерот додадете половина лажичка сол и половина шолја шеќер во прав. Матете околу три минути.
Во изматената смеса додадете две шолји брашно и матете додека да добиете мазно тесто. Додадете ги оревите и екстрактот од ванила и добро измешајте. Прекријте со фолија и оставете да стои околу еден час. Загрејте ја рерната на 160 степени и обложете тава за печење со хартија.
Од смесата формирајте топчиња и ставајте ги на доволно растојание на хартијата. Печете 20-25 минути. Малку изладените колачи извалкајте ги во шеќер во прав, а откако ќе се изладат целосно повторете ја постапката.
Највкусни се откако ќе отстојат еден ден, но не е проблем да ги јадете веднаш.